дома Македонија Стeвo Пeндaровски: Утрe на Мeчкин Кaмен ќе оддадемe пoчит на Илиндeнцитe кoиштo...

Стeвo Пeндaровски: Утрe на Мeчкин Кaмен ќе оддадемe пoчит на Илиндeнцитe кoиштo зaгинaa во oдбранa на Крушeвскaтa Рeпубликa

Претседателот Стево Пендаровски ја објави програмата за утрешната прослава на празникот Илинден на Мечкин Камен.

-Утре на Мечкин Камен ќе оддадеме почит на Илинденците коишто загинаа во одбрана на Крушевската Република. Во рамките на централната свеченост го чествуваме Илинден со пригодна реч на Никола Ристановски со пораки за Илинден; настап на Ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“; настап на Ансамблот на албански народни ора и песни во Република Северна Македонија; настап на Влатко Стефановски; настап на воениот оркестар на Армијата, стои во програмата.

Тој додава дека годинава чествуваме 118 години од Крушевската Република и повикот за слобода и правдини и 77 години од Првото заседание на АСНОМ кога беа удрени темелите на современата македонска држава.

-Овој ден нека биде мотив да ги надминеме поделбите и сите да се сплотиме околу илинденските и АСНОМ-ски идеали, потенцира Пендаровски.

Објавата погледнете ја ТУКА.