Стyдиja: Пoтpeбни ce пeт тpилиoни дoлapи гoдишно зa бopбa пpoтив климaтcкитe пpoмeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во студијата на пет еколошки тинк-тенкови се наведува дека средствата потрошени за борба против климатските промени мора да се зголемат до пет трилиони долари годишно до 2030 година.

Научниците предупредуваат дека трансформацијата на економијата е премногу бавна за да ги исполни меѓународните цели за ограничување на порастот на температурите.

– Од транспортот, преку земјоделството до изворите на електрична енергија, постигнат е премал напредок за да се ограничи порастот на температурата до 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период и со тоа да се ограничат најлошите ефекти од климатските промени, се наведува во студијата.

Според експертите ниту еден од 40-те проценети индикатори не е во согласност со целите на Парискиот договор за климата за намалување на просечниот пораст на температурата под два Целзиусови степени, а идеално е од 1,5 Целзиусови степени во споредба со прединдустрискиот период.

Во студијата се наведува дека 25 показатели не се на задоволително ниво, вклучувајќи ја и употребата на помалку јаглен за производство на електрична енергија.

– Иако има некои охрабрувачки знаци за напредок во неколку сектори, вкупните глобални напори за ублажување на климатските промени остануваат ужасно слаби, изјави една од авторките на студијата Софи Боем, членка на американскиот Светски институт за ресурси (World Resources Institute).

Таа додаде дека резултатите даваат јасна слика за тоа каква акција е потребна против климатските промени пред климатскиот самит на Обединети нации ЦОП 26 во Глазгов, што почнува в недела.

Светските лидери на Самитот ЦОП26 и пошироко треба да ги засилат климатските амбиции и веднаш да дејствуваат, посочи Боем.

Во два извештаи на ОН, објавени неделава, се предупредува дека светот е далеку од ограничен пораст на температурата и дека со сегашните мерки, како и оти глобалните температури ќе се зголемат за 2,7 степени овој век во споредбa.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This