дома Спорт Суарез Наваро на 30. роденден ја исфрли Шарапова од УС Опен

Суарез Наваро на 30. роденден ја исфрли Шарапова од УС Опен

Шпанската тенисерка Карла Суарез Наваро приреди изненадување и патува во четвртфиналето на УС Опен, затоа што во мечот со Марија Шарапова беше подобра со 2-0 во сетови (6-4, 6-3).

Суарез Наваро на денешен ден го славеше својот 30. роденден и извојува голема победа над Русинката, која на теренот изгледаше непрепознатливо и не играше како да ја има улогата на фаворит.

Во првиот сет, Наваро тргна одлично, поведе со 4-1, а потоа дојде до предност, додека во вториот решавачки сет кој се отвори со два брејка, Шпанката освои сервис на Шарапова при 3-2 и 6-3, за да ја комплетира сензацијата.

Во четвртфиналната фаза на последниот Грен Слем турнир сезонава Суарез Наваро ќе игра со Медисон Кис од САД, која беше подобра од Доминика Цибулкова. За шпанската тенисерка ова е втор пласман меѓу осумте најдобри на престижниот турнир.