дома Социјални Мрежи СУГАРЕСКИ ГИ „ИЗМЕШАЛ ЛОНЧИЊАТА“: Честитал празник кој не се празнува денес –...

СУГАРЕСКИ ГИ „ИЗМЕШАЛ ЛОНЧИЊАТА“: Честитал празник кој не се празнува денес – наместо Ден на Македонската железница, честитал Меѓународен ден на железничарите

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески повторно ги „замеша лончињата“ па наместо да им честита Ден на македонските железничари, честиташе „Меѓународен ден на железницата“.

 

Денес, 9.ти април се слави како Ден на Македонската железница, откако со одлука на Работничкиот совет на Македонски железници во 1994. година на 8.април, следниот ден 9.ти април е прогласен за Ден на Македонската железница.

Овој ден Македонските железничари го чествуваат како нивен празник бидејќи во 1873 година пристигнал првиот воз од Солун во Велес.

Сугарески пак, нeзнaejќи кој ден е денес честитал „Меѓународен ден на железницата“, кој се слави втората сабота во мај секоја година.