дома Македонија СУДИИТЕ ЈА ТУЖAT ДРЖАВАТА: Не им се исплатени додатоци за 2016-та година

СУДИИТЕ ЈА ТУЖAT ДРЖАВАТА: Не им се исплатени додатоци за 2016-та година

Во Владата се одржа работен состанок помеѓу претставници на Здружението на судии. На средбата се разговараше за прашањето за платите и додатоците на плата на судиите. На работната средба во Владата претставниците на Здружението ја информираа Владата за одлуката на судиите да тyжaт во однос на заостанатите неисплатени додатоци од 2016 година, како и за потребата од изнаоѓање на системско решение за платите на судиите, конкретно коригирање на коефициентот и основицата за пресметка на платата на судиите, со конкретни предлог мерки за надминување на оваа ситуација.

Притоа, претставниците на судиите ја искажаа подготвеноста на судиите изразена преку повеќе записници на подружници дека се спремни за евентуално вонсудско решавање на спорот околу додатоците, притоа ја известија Владата за неопходноста од преземање на итни мерки со оглед на роковите за тyжбa.

Премиерот изрази разбирање за барањата на судиите и подготвеност за сеопфатно решение во однос на платите на судиите, а имајќи ги предвид буџетските можности и импликации, постапките предвидени со закон за реализација на буџет, притоа предложи мерки кои претставуваат пакет за решавање на целокупната состојба“, се вели во соопштението на Здружението.