дома Русија СУДИРИТЕ ОДНОВО ЗАПОЧНУВААТ ВО УКРАИНА: Војската во Доњецк соборила две беспилотни летала...

СУДИРИТЕ ОДНОВО ЗАПОЧНУВААТ ВО УКРАИНА: Војската во Доњецк соборила две беспилотни летала на украинската армија

Одреди на Народната милиција на самопрогласената Доњецка Народна република уништиле две беспилотни летала на украинската војска, рекол за новнинарите раководителот на прес-службата на Народната милиција Данил Бесонов

„Денес нашите војници уништија две офанзивни беспилотни летала тип ‘квадкоптер’. Една е уништена при обид да исфрли експлозивен уред на стамбена зграда во населбата Трудовскија во Петровската област на Доењсцк, а во друга прилика во обид да истрела раната на куќа во населбата Јужно“, рекол Бесонов.

Претходно воениот ресор на ДНР соопшти дека украинската војска непрекинато користи офанзивни дронови, кои оштетиле бројни инфраструктурни објекти во населбите кои се наоѓаат во близина на фронтот.

Ова прашање во повеќе наврати беше тема на преговори во врска о решавањето на кризата на југоистокот на Украина во Минск.