дома Свет СУДИРОТ КОЈ ГО ТРЕСЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ: Кина против Америка уште ја нема...

СУДИРОТ КОЈ ГО ТРЕСЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ: Кина против Америка уште ја нема употребено „тешката артилерија“

Трговската војна со Кина, која со воведувањето на најновите тарифи ја започна Доналд Трамп, би можела да се докаже како негов економски Авганистан – скап, безуспешен, без крај.


Она што медиумите веќе го крстија како царинска војна помеѓу Вашингтон и Пекинг, со војничка терминологија би можело да се нарече – ограничен судир. Тешката артилерија сеуште не е употребена, но и без неа Вол Стрит веднаш реагираше со распродажба на акции на кинеската контрамерка за воведување на тарифи на 128 американски производи вредни три милијарди долари. Берзанските индекси паднаа од 1.9% на Дау Џонс, а 2.7 на Насдак.

Според образложението на официјален Пекинг, тоа е одговор на царината која администрацијата на Донал Трамп и официјално ја воведе на 27. март на увозот на челик и алуминиум. На дневен ред меѓутоа, сеуште не дојде реакцијата на Пекинг на тоа што пред десетина дена Трамп го потпиша како документ со кој воведе нови тарифи за шеесет милијарди вреден увоз на различни производи од Кина.

Оттука, Кина сеуште нема тргнато со сите орудија против САД. Според Том Хенкок од „Фајненшл Тајмс“ одговорот на Кина е „релативно одмерен“, бидејќи на списокот 128 американски производи го нема она што е клучен извоз во Кина, а тоа е соја вредна 14 милијарди долари.

Понатаму во црната прогноза отиде претседателот на институтот за меѓународна економија Петерсон од Вашингтон, Адам Посен. Тој смета дека трговската војна со Кина, која со воведувањето на најновите тарифи ја започна Доналд Трамп, би можела да се докаже како негов економски Авганистан – скап, безуспешен, без крај.

На Трамп може да му се случи, спасувајќи ја Америка од трговски дефицит кој го има со Кина, кој се проценува помеѓу 375 милијарди и 504 милијарди долари, да биде уште поголема штета.

„Кога Кина ќе произведе еден ‘ајфон’, таа во својот БДП книжи 50 долари, а кога истиот тој ‘ајфон’ ќе се продаде директно на купецот а не преку Америка, таа во БДП книжи 1.000 долари. И тоа е голем проблем за Америка. Таа сега ќе почне поека да ја губи таа поиција други да работат за неа“, сликовит е Бушатлија.