дома Балкан СУДИР ПОМЕЃУ АМБАСАДОРОТ НА САД И ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ: Адриатик Лала го обвинува...

СУДИР ПОМЕЃУ АМБАСАДОРОТ НА САД И ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ: Адриатик Лала го обвинува амбасадорот на САД во Албанија за мешање во судството!

Албанскиот јавен обвинител бил инволвиран во отворена конфронтација со Амбасадорот на САД во земјата, кој го обвинил дека ја одрива судската реформа која е суштинска пред започнувањето на преговорите за членство во ЕУ

Адриатик Лала го обвинил Амбасадорот на САД во Албанија Доналд Лу за „тотално недипломатски напади“ и дека исто така употребувал уцени за да добие пристап во истрага за случај во кој била вклучена една мултинационална компанија.

„Таков притисок од Амбасадорот на САД во Тирана кој се обидува да манипулира со јавното мислење и да ги девалвира институциите“, изјавил Лала.

Претходно Лала бил цел на напади од амбасадорот Лу дека „јавно зборувал против ваквата судска реформа“ и дека го прекршувал Уставот преку недоволна номинација во судскиот совет кој бил „избран нетранспарентно“. Лу изјавил дека САД и други меѓународни судии и обвинители од земји членки на ЕУ следната недела ќе пристигнат во земјата да го следат процесот.