дома Македонија СУДИЈАТА МУ ГОВОРЕЛ НА АЛБАНСКИ, СТРАНКАТА НИШТО НЕ РАЗБИРАЛА: Адвокатот на граѓанинот...

СУДИЈАТА МУ ГОВОРЕЛ НА АЛБАНСКИ, СТРАНКАТА НИШТО НЕ РАЗБИРАЛА: Адвокатот на граѓанинот го опоменал судијата и барал преведување на македонски јазик

Денес на утринска програма на Сител, водителот ги читаше проблемите на граѓаните. При што налета на еден коментар кој изгледа дури и зачудувачки. Еден граѓанин замолил водителот на утринската да го прочита коментарот во кој раскажува дека бил на суд во Тетово, каде што судијата бил Албанец и рочиштето го водел на албански јазик, дури и адвокатот на граѓанинот го опоменал судијата и барал преведување на македонски јазик.

Но судијата рекол дека ако имаат потреба од преведувач да си донесат од Скопје бидејќи тука се зборува на албански јазик и дека е време веќе еднаш да го научат албанскиот јазик. Со што граѓанинот се прашувал до каде стасала нашата држава. Дали ова е единствен случај во државата не се знае. Но ова што излезе денеска во јавноста ги загрижи граѓаните бидејќи тоа се случувало дури пред законот за двојазичност да се објави во „Службен весник“. А, по објавувањето на овој закон се повеќе и повеќе ќе донесе правна конфузија во правниот систем но и големо разочарување кај македонските граѓани кои ќе се соочуваат со се поголеми потешкотии.