дома Македонија СУДИЈКАТА НЕ САКА ДА ГО СУДИ ЗАЕВ: Тања Милева, сопругата на членот...

СУДИЈКАТА НЕ САКА ДА ГО СУДИ ЗАЕВ: Тања Милева, сопругата на членот на ДИК Игор Милев побара изземање од предметот „Поткуп“

Судијката во Апелацискиот суд, Тања Милева, која е сопруга на членот на Државната изборна комисија (ДИК) од СДСМ, Игор Милев, побара изземање од предметот „Поткуп“ во кој обвинет е Зоран Заев, дознава „Макфакс“.

Таа беше поставена за судија известител на судечкиот совет кој треба да донесе одлука дали видеото од посебните истражни мерки, кое беше објавено на „Јутјуб“, може да биде доказ во постапката што се води против Заев во кривичниот суд.

Јавната седница на која треба да се одлучува за ова е закажана за в понеделник, 25 декември, во 11.30 часот.

Милева во ноември од Основниот суд Велес беше избрана за судија во Апелацискиот суд – Скопје.