дома Европа Судот во Стразбур одлучи дека kapaнтинот не претставува лишувaње од слобода

Судот во Стразбур одлучи дека kapaнтинот не претставува лишувaње од слобода

Европскиот суд за човекови права денес го прогласи за недопуштено барањето на романскиот член на Европскиот парламент неговата земја да биде осудена поради воведување на карантин при борбата против вирусот корона.

„Нивото на ограничувачки мерки за слобода на движење не ни дозволува да сметаме дека општата мерка наметната од властите претставува лишување од слобода“, се вели во едногласната одлука на Судот во Стразбур, додавајќи дека мерката „не може да се изедначи со домашен притвор“.

Пратеникот, како што се додава, не беше предмет на индивидуален надзор на властите, не беше принуден да живее во тесен простор и можеше да воспостави социјални контакти и да го напушти својот дом од разни причини. Затоа, тој не можеше да се повика на одредбите на Европската конвенција за човекови права во врска со правото на слобода, додаде судот и истакна дека тој може да се повика на одредбите што се однесуваат на слободата на движење.

Кристијан-Василе Терхес, кој беше избран во Европскиот парламент во 2019 година од списокот на опозициската Социјалдемократска партија, се обрати пред судот во Стразбур.

Романскиот пратеник најпрво им се обрати на домашните судски органи затоа што сметаше дека е во административен притвор поради воведување мерки за карантин со кои се ограничува излегувањето од домот од 24 март до 14 мај 2020 година и, како што пренесува Бета, веднаш да го ослободи.