Раководителот на секторот млади доби суспензија од директорот Дарко Каевски. Заради неговото несовесно работење избил скандалот со објавување на песни со говорна омраза во стихозбирка издадена со државни пари. Според првиот човек на агенцијата вина сноси и комисијата која го правела изборот за наградување на најдобри песни од конкурсот. Каевски денеска повтори дека жири комисијата имала должност да ја направи селекцијата но немала обврска да го достави материјалот до печатницата.
Утврдивме дека не ни се доставени сите потребни податоци за печатење на публикацијата, односно не беше доставен импресум, ЦИП, вклучително и соодветните податоци како што се издавач и уредник, велат од печатницата.
Од Агенцијата за млади велат дека ќе се бара одговорност и за дополнителниот скандал со авторството на песните. Полицијата ќе го истражувала случајот со крадење на идентитетот на младиот Пиљаковски од неговиот ментор по математика кој заради возраста не го исполнувал критериумот за учество на конкурсот.
Инаку Каевски денеска на прес конференцијата објави дека вредноста на целиот проект за издавање на стихозбирката изнесувал 170 илјади денари, или 20 илајди повеќе од сумата која ја објави завчера. Буџетот од 150 илајди денари претходно бил утврден и со одлуката за реализирање на проектот на кој тој го ставил својот потпис.