March 28, 2024, 10:49 pm

Сцена која ќе ве трогне: Изненадување за децата од Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во морето од лоши вести кои доаѓаат од Кабул, од Јужна Кореја доаѓаат малку поубави. Имено, стотина евакуирани Авганистанци пристигнале во таа земја, а вчерашните фотографии од аеродромот во Сеул прикажуваат деца кои по доаѓањето добиле кадифени мечиња.

Фотографиите на својот профил на Твитер ги објавил новинарот Рафаел Рашид, кој известува за ситуацијата во Авганистан.

Авганистанците кои пристигнале во Јужна Кореја се прогласени за лица од посебно значење, а не за бегалци, па доделени им биле краткорочни визи. Меѓутоа, аналитичарите велат дека во пракса таа ознака е приближно еквивалентна на ознаката мигрант.

Во Јужна Кореја пристигнале вкупно 390 бегалци, меѓу кои има здравствени работници и експерти кои работеле за корејската амбасада.

Од министерството за надворешни работи соопштиле дека еден Авганистанец морал да биде вратен во Кабул поради нејасен идентитет.

Имено, лицето кое не било не листата за евакуација прво патувало до Пакистан со големата група на луѓе, а го откриле властите додека ги проверувале идентитетите на лицата пред летот за Сеул.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This