дома Македонија Сѐ уште нема одговopност за лекapката што влезе на ГАК и во...

Сѐ уште нема одговopност за лекapката што влезе на ГАК и во Ремедика без да каже дека свекорот има Koвид 19

И по 56 дена полицијата нема откриено кој ја украде изјавата на лекарката што влезе да се породи на Гинеколошко акушерската клиника во Скопје, без да каже дека нејзиниот свекор е позитивен на Ковид 19. Случајот предизвика бура реакции затоа што благодарение на ваквиот потег на младата родилка, во изолација во јуни отиде дел од персоналот не само на државна гинекологија, туку и персоналот од ,,Ремедика” каде што родилката се упатила од ГАК, пишува Слободен Печат.

Директорката на ГАК пред два месеци тврдеше дека и се вршат притисоци од различни страни, да не продолжува со случајот и тој да се заборави. На камерите што ги поседува болницата, се гледа пациентката како ја потпишува клучната изјава во која тврдела дека немала контакт со заразен, но сега таа изјава ја нема, а на ГАК потенцијално уште работи тој што ја украл.

Целата сторија можете да ја прочитате на Слободен Печат.