дома Македонија СЈО ГИ ВРАЌА ДОЛГОВИТЕ НА СДСМ: Парите донирани во СДСМ се враќаат...

СЈО ГИ ВРАЌА ДОЛГОВИТЕ НА СДСМ: Парите донирани во СДСМ се враќаат преку СЈО? Со политички вештачења се обвинуваат Груевски и Јанкулоска?

Еден од вештаците во предметите против Никола Груевски, Тале Герамитчиоски е поранешен пратеник и заменик министер за образование од СДСМ. Каква правда може да очекуваат Груевски, Јанкулоска и останатите обвинети во предметите на СЈО, кога вештачењата во предметите против нив ги вршат врвни функционери на СДСМ од минатото? Герамитчиоски е ангажиран како вештак во фирмата на Димитар Бузлевски, поранешен министер од редовите на СДСМ и градоначалник на општина Ресен – пишува порталот „Денешен

Герамичисоки и Бузлевски се вештаци во случајот Тенк, за набавката на владиниот Мерцедес, кој и покрај најавите за продажба, владата се уште цени дека е неопходен за безбеден превоз на високите гости и функционери и се уште е во употреба. Во предметот Тенк обвинети се поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски и помошник министерот за набавки во МВР Ѓоко Поповски.

Јанкулоска вчера по рочиштето за Тенк изјави:

„При спроведување на вештачењето по наредба на СЈО, ниту јас, ниту пак моите бранители немавме можност да учествуваме во давањето предлози во истакнување приговори и забелешки и сето тоа да биде забележано во записник. Кај мене постои објективно оправдан сомнеж за објективноста на вештачењето во врска со лиценците, но и по однос на политичката кариера на Тале Герамитчиоски, кој извршувал висока партиска функција. Тој бил избран и именуван по предлог на СДСМ во време кога јас извршував исто така висока политичка функција, генерален секретар и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, член на Владата номинирана од партија, политички опонент на партијата што го избрала вештакот. Барам судот да го земе предвид ова мое сомневање за неутралноста на вештаците бидејќи ваквиот нивен политички ангажман го загрозува правото на моја одбрана“.

Кој е Герамитчиоски, врз чие вештачење се потпира обвинението? На интернет страната на Собранието на Република Македонија се уште стои дека тој е пратеник на СДСМ во собранискиот состав 2006-2008 година, родум од Прилеп. Герамичиоски предава на Техничкиот факултет во Битола.

Семејството на Герамитчиоски се јавуваат и како финансиери на СДСМ. Неговиот син на партијата и донирал 20.000 денари. Нивните ставови искажани по социјалните мрежи се преполни со омраза кон политичките опоненти од ВМРО ДПМНЕ.

Се поставува логично прашање, како може да се очекуваме фер и непристрасно вештачење, во услови кога истото го прават жестоки политички противници на обвинетите. Која правда може да ја очекуваат Груевски, Јанкулоска и останатите обвинети.