дома Македонија СЈО ЗАПОЧНА СО КАМПАЊАТА ЗА ЛОКАЛНИ: СЈО свесно и намерно таргетира луѓе...

СЈО ЗАПОЧНА СО КАМПАЊАТА ЗА ЛОКАЛНИ: СЈО свесно и намерно таргетира луѓе по нарачка на СДСМ!

Она што денес се прави од страна на СЈО е јасен почеток на кампањата за локалните избори, пишува на својот ФБ профил политичкиот аналитичар Александар Даштевски.

 

-СЈО намерно, свесно и таргетирано согласно потребите на СДСМ одбира места и општини каде изложува луѓе од партиското јадро на ВМРО-ДПМНЕ со цел јавно и јасно да ги прикаже како престапници на законот. Тие во суштина се луѓе домаќини кои се свесно вплеткани во политичката хајка на СЈО. Со ваквите постпаки се прави и нанесува очигледна неправда, но и дискриминација на луѓето, пишува Даштевски.

Според него, целта е да се нанесе политика штета на ВМРО, а политичка корист за СДСМ. Ова што се случува нема никаква допирна точка со правото, додава Даштевски.