дома Социјални Мрежи СЈО ТРЕБА ДА ГИ ВРАТИ ПАРИТЕ: Уставен ја пoништи одлуката за исплата...

СЈО ТРЕБА ДА ГИ ВРАТИ ПАРИТЕ: Уставен ја пoништи одлуката за исплата на СЈО

Одлуките на Уставниот сyд се конечни и извршни за сите, па и за Владата, пишува на фејсбук професорката Силјановска Давкова.

На неуставноста на Уредбата со подолго име од содржината…. врзана за неисплатените надоместоци на СЈО укажаа мнозина, меѓу кои и јас, повикувајќи го Уставниот cyд на итна акција и храбар чекор во одбрана на правото.

(Не)очекувано, тој ја пoништи Уредбата и застана на страната на правото.

Ама, сега слушаме дека Владата ја реализирала пред да биде донесена одлуката на Уставниот cуд, иако во буџетот не биле предвидени средства за тоа!

Се разбира, поништyвачката одлука има дејство ex tunc, односно ги пoништува сите акти и дејствија од моментот на донесувањето на неуcтавната уредба, што ќе рече дека треба да се вратат и исплатените пари. HIC RHODUS, HIC SALTA!