дома Македонија СЈО ЌЕ ГО ТУЖИ И АЛИ АХМЕТИ: Нови предмети на СЈО –...

СЈО ЌЕ ГО ТУЖИ И АЛИ АХМЕТИ: Нови предмети на СЈО – ќе се испитува пописот и изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица

Три нови истраги отвори денеска Специјаното jавно oбвинителство за три случаи. Во првиот случај „Попис“, осомничени се експретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот на ДУИ Али Ахмети затоа што наводно го прекинале пописот на население.

Во вториот случај „Моќник“, се терети извесен пратеник кој приватизирал државни објекти, а во третиот случај „Актор“ се теретат владини функционери и вработени во странски компании кои учествуваа во изградба на автопатот.

Предметите ги презентираше специјалната обвинителка Фатиме Фетаи а специјалната обвинителка Катица Јанева одговараше на прашања. Фетаи истакна дека во првиот случај двајцата лидери се договориле да го пркинат пописот за да останат на власт.

Нејзината шефица, Катица Јанева одби да одговори на новинарско прашање: Дали пописот бил прекинат поради тоа што податоците покажувале дека една од етничките заедници во Република Македонија е под 20%.