Сè пoвeќе мигpaнти нa бугарско-грчката гpaницa – Софија го cвикa влaдиниoт Coвeт зa бeзбeднocт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На деветти септември ќе заседава бугарскиот Советот за безбедност, но кој е во рамки на Владата, а на дневниот ред главна точка е можниот наплив од мигранти и координацијата помеѓу службите.

Веќе е формирана специјална координативна служба, која секојдневно ја анализира безбедноста на границите, но и состојбата во внатрешноста на земјата, нагласи техничкиот премиер Стефан Јанев.

Техничкиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков откри дека само  изминатата ноќ биле регистрирани околу двесте мигранти во близина на бугарско-грчката граница, а петнаесет биле приведени на територијата на Бугарија.

Рашков призна дека има голем оперативен проблем на границата со Грција, а тоа е течението на реката Марица, која го олеснува преминот на мигрантите.

-Преминувајќи ја Марица, ако мигрантите ги забележат нашите гранични сили, тие се враќаат, па потоа повторно минуваат низ грчка територија и влегуваат во Бугарија, на пример, преку Родопите, рече Рашков.

Тој исто така додаде дека голем број од мигрантите се обидуваат нелегално да ја преминат границата скриени во транспортни средства.

-Има редица камиони на Капакуле. Во некои од нив, авганистански државјани се скриени во камиони што превезуваат дрва, рече бугарскиот министер за внатрешни работи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This