дома Хроника Сpбин ce oбидeл дa пpoкpиyмчapи вo Македонија 127 пaпaгaли coкpиeни вo aвтoмoбил

Сpбин ce oбидeл дa пpoкpиyмчapи вo Македонија 127 пaпaгaли coкpиeни вo aвтoмoбил

Царинската управа соопшти дека утринава на граничниот премин Табановце при контрола на патничко моторно возило пријавено за влез во Македонија, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржале 127 папагали како непријавена стока.

-На влез во државава, околу 08:30 часот на граничниот премин Табановце се пријавило патничко моторно возило, марка Volksvagen Pasat со српски регистарски ознаки управувано од лицето З. Н. од Република Србија.

При извршена детална контрола на возилото од страна на царинските инспектори биле пронајдени 127 папагали кои биле сокриени позади двете предни седишта, во багажникот на возилото и во просторот наменет за резервно тркало, соопшти Царината.

Согласно Царинскиот закон, папагалите во вредност од 39.500 денари се привремено одземени со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до комисијата за одлучување по прекршок.