April 25, 2024, 12:53 pm

Сpeдбa на пpeтceдaтeлoт на Собpaниeтo Џафери со амбаcaдоpкaтa на Швајцарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Скопје, Н.Е. Сибил Зутер Техада.

На средбата, претседателот Џафери потенцираше дека високо ги цени соработката и политичките односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со пријателство и разбирање, отворен и интензивен дијалог. Покрај тоа, високо се цени и континуираната поддршка што Швајцарската Конфедерација ја дава во процесот на европските интеграции, иако самата не е членка на НАТО и ЕУ. Тој ја поздрави и Швајцарската програма за стипендирање на професионалното усовршување на вработените во Собранието на Република Македонија со отворениот конкурс за упис на втор и трет циклус на студии, се разбира за тие што се заинтересирани за понатамошно професионално усовршување и развој. Претседателот исто така нагласи дека Собранието, и во овој мандат ќе продолжи со засилено темпо да ги реализира стратешките интереси на државата, во однос на добрососедската политика, развојот на соработката во регионот, обврските од членството во НАТО, како и процесот на ЕУ интеграцијата.

Амбасадорката Техада му честиташе на претседателот Џафери за повторниот избор за претседател на Собранието на Република Македонија и нагласи дека, Амбасадата на Швајцарската Конфедерација во Скопје, ќе продолжи да соработува со законодавниот дом во спроведувањето на тековните, но и новите проекти. Претседателот Џафери доби отворена понуда од страна на швајцарската амбасадорка да биде дел од Советодавниот одбор на новиот Проект помеѓу двете земји за „Изборни реформи во Република Република Македонија“. Овој проект, освен што придонесува за стабилноста на изборниот процес во нашата земја, истиот го зајакнува и кредибилитетот на Собранието на Република Македонија.

Претседателот Џафери и амбасадорката Техада разменија мислења за приоритетите на Собранието на Република Македонија во наредниот период, односно потребата од донесување на реформски закони во пресрет на меѓувладината конференција за отпочнување на преговори за членство со ЕУ. На средбата стана збор и за неопходноста од овозможување на алтернативно работење на Собранието на Република Македонија во услови на пандемија или други непредвидливи состојби. Соговорниците ја нагласија плодната соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Швајцарската Амбасада, со цел зајакнување на парламентарната независност, надзорната функција и демократската улога и изразија подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката на овој план.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This