дома КОВИД-19 (Коронавирус) Сyдот ја cycпендираше одлуката на Бајден за задолжително вакцинирање

Сyдот ја cycпендираше одлуката на Бајден за задолжително вакцинирање

Федералниот апелациски суд на САД ја суспендирал наредбата издадена од администрацијата на претседателот Џо Бајден за задолжителна вакцинација против коронавирус на вработени во американски компании со 100 или повеќе работници или нивно тестирање секоја недела.

Во својата пресуда, судот ги наведе предвидените „сериозни статутарни и уставни“ прашања.

Одлуката е донесена откако повеќе американски сојузни држави ја тужеа администрацијата на Бајден во обид да ги суспендира наредбите за вакцинација на вработените со федерален договор.

Новото правило требаше да стапи во сила на 4 јануари.