дома Занимливости Таа се појави на мотор во секси облека, но нашиот Мартинијан е...

Таа се појави на мотор во секси облека, но нашиот Мартинијан е непобедлив: Македонецот влезе во полуфинале, ајде да го поддржиме

Мартинијан Кириловски продолжува со одличните настапи на „Ѕвездите на Гранд“.

Во борбата за влез во полуфиналето тој по којзнае кој пат покажа дека поседува одлични вокални способности.

Неговата противкандидатка Милица навистина се потруди околу настапот. Таа на сцена се појави качена на мотор, облечена во секси црна облека, но нашиот Мартинијан е непобедлив.

Таа не успеа да го декласира, па во баражот Македонецот си го доби заслуженото место во полуфинале.

Јелена Карлеуша, како и секогаш, не криеше дека е горда на својот кандидат. Таа за Мартинијан има само пофални зборови.