дома Хроника ТАГА: Почина четиригодишното дете кое го растргнаа кучиња во кичевско

ТАГА: Почина четиригодишното дете кое го растргнаа кучиња во кичевско

Почина четиригодишното детенце кое беше растргнато од глутница кучиња пред неколку дена во кичевско. Канал 5 дознава дека и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот, четиригодишното момченце денеска починало.

Детето кое целосно растргнато од нападот на кучињата беше донесено во Ургентниот Центар во Скопје и на кое по четиричасовната операција му беа извадени бубрегот и слезината, а имало и повреди на главата, починало денеска во 13 часот.

Против сопственикот на овчарските кучиња е поднесена кривична пријава.