дома Македонија Тажна вест: Пoчинa пopaнeшниoт peпpeзeнтaтивeн гoлмaн нa Македонија

Тажна вест: Пoчинa пopaнeшниoт peпpeзeнтaтивeн гoлмaн нa Македонија

На само 46-години почина Гоце Груевски, поранешниот голман на македонската фудбалска репрезентација и повеќе наши клубови.

Гоце Груевски почина во Австралија, каде се пресели од 2006 година, трагичната вест ја соопшти клубот Престон Лајнс каде тој беше голман а по крајот на кариерата и тренер на голманите.

Груевски бранеше за повеќе македонски клубовии, Победа, Слога Југомагнат, Работнички, Беласица и Вардар. За Македонија има шест настапи, три во квалификации и три на пријателски средби.

Засега не е позната причината за смртта на Груевски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Извор: 24fudbal.mk