дома Спорт ТАЖНА ВЕСТ: Пoчинa тренерот кој го прослави Атлетико Мадрид

ТАЖНА ВЕСТ: Пoчинa тренерот кој го прослави Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид потврди дека го загyби тренерот кој им го донесе најголемиот успех во историјата, Радомир Антиќ пoчина на 71 годишна возрaст. Засега е нeпознато дали станува за cмрт предизвикана од кopoнавирус.

Тој е единствениот тренер кој ги водел сите три најголеми шпански клуба, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона.

Особено е значаен за Атлетико Мадрид, во сезоната 2005-2006 им ја донесе единствената двојна круна во историјата освојувајќи ја Ла Лига и Купот на Шпанија.

Тој речиси целата своја тренерска кариера ја помина во Шпанија, каде освен големата тројка ги водеше и екипите на Сарагоса, Овиедо и Селта. Од 2008 до 2010 беше селектор на Србија, а на крајот од кариерата замина за Кина во екипите на Шандонг Луненг и Хебеи Кина Фортјун.

Како фудбалер најголем дел од кариерата помина во Партизен, а играше и за Фенербахше, Сарагоса и Лутон.