дома Политика ТАКА Е ДОГОВОРЕНО СО ОЛИВЕР И ЗАЕВ: Полицијата тргнала да одземе 200...

ТАКА Е ДОГОВОРЕНО СО ОЛИВЕР И ЗАЕВ: Полицијата тргнала да одземе 200 кубици нелегална сеча во Арачиново, им дале само 20!

Никој, па ни полицијата не смее да ги казни арачиновци откако на власт во општината дојде СДС, коментираат вработени во МВР кои објаснуваат за банална ситуација во која на припадници на МВР им било забрането да одземат нелегално исечени дрва

Пред неколку дена во Арачиново, службеници од ПС Гази Баба меѓу кои и припадници на ЕЈРМ и „Алфа“ заедно со старешини на истите единици и шумската полиција тргнале да одземат околу двеста кубни метри дрва нелегална сеча.

Кога пристигнала шумската полиција со камиони на кои требало да бидат натоварени нелегално исечените дрва, пристигнала и градоначалничката на Арачиново Мелекие Халими, и заедно со старешината и граѓаните кои го направиле кривичното дело се договориле да одземат само околу 20 кубни метри дрва колку да имаат со што да се оправдаат пред претпоставените, а останатите да им ги остават.

Од градоначалничката Халими било посочено дека „така е договорено со Заев и Олиевр“, па така акцијата завршила поразително, по што полицајците посрамени се вратиле во своите бази.