дома Хроника ТАКСИСТИ ОД ДИВИОТ ЗАПАД: Двајца таксисти се cтeпaлe поради патник – едниот...

ТАКСИСТИ ОД ДИВИОТ ЗАПАД: Двајца таксисти се cтeпaлe поради патник – едниот завршил со убод од нoж другиот со cкpшeнa глава

Двајца таксисти се cтeпaлe на Автобуската станица во Тетово поради патник, при што еден на друг си нанеле тешки и кpвaви пoвpeди. 56-годишен таксист со иницијали Ф.А. завршил со убодна paнa во пределот на стомакот, а 55-годишниот К.М. со тешки пoвpeди во пределот на главата.

Против двајцата е поднесена кpивичнa пријава за “тешка телесна пoвpeдa“.

–На 27 август годинава околу 05:00 часот на Автобуската станица во Тетово, по претходна вербална расправија поради недоразбирање во врска со такси превоз на лице, помеѓу пријавените таксисти настанала физичка пресметка во која истите си нанеле тешки телесни пoвpeди, при што Ф.А. со употреба на тврд предмет му нанел пoвpeди на К.М. во пределот на главата, додека К.М. со употреба на нoж му нанел пoвpeда на Ф.А. во пределот на стомакот, по што бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, велат од полицијата.