дома Хроника ТАКСИСТ ОДБИЛ ДА ВОЗИ ПОГОЛЕМ БРОЈ ПАТНИЦИ ОД ДОЗВОЛЕНОТО, ДОБИЛ ЌOTEK: Таксист...

ТАКСИСТ ОДБИЛ ДА ВОЗИ ПОГОЛЕМ БРОЈ ПАТНИЦИ ОД ДОЗВОЛЕНОТО, ДОБИЛ ЌOTEK: Таксист од Битола физички нападнат

Таксист од Битола отишол да земе патници на повик, но откако увидел дека се премногу за да ги превезува, одбил да ги качи во автомобилот, по што го нападнале.

Синоќа околу 23 часот, такси возач Д.К. (42) од Битола, пријавил дека околу 21 часот отишол на улица “Козара” во Битола да земе патници, но бидејќи биле поголема група на лица, одбил да ги превезува и истите физички го нападнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.