дома Македонија ТАЛАТ ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНУВА: Законот за јазици ќе одел во Службен весник,...

ТАЛАТ ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНУВА: Законот за јазици ќе одел во Службен весник, со или без потпис на претседателот Иванов

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека Законот за јазиците ќе стапи на сила и покрај тоа што претседателот Иванов одбива да го потпише.

 

-Законот ќе сепрогласи без потпис од претседателот, бидејќи тој одбива, а Уставот има соодветни одредби со кои ги обврзува сите носители на функции да го почитуваат Уставот и да не ги попречуваат другите институции во работата. Претседаталот за тоа еден ден ќе одговара. Законот ќе биде објавен во службен весник со образложение дека претседателот одбива да го почитува Устваот и да го потпише Законот, рече Џафери.

На прашањето кога ќе го прати Законот во Службен весник, тој рече дека тоа е негова одлука.