дома Политика ТАЛАТ ЏАФЕРИ МУ ЈА ВОЗВРАТИ УСЛУГАТА НА ЃОРЧЕВ: Го бранеше од зборување...

ТАЛАТ ЏАФЕРИ МУ ЈА ВОЗВРАТИ УСЛУГАТА НА ЃОРЧЕВ: Го бранеше од зборување на собраниската говорница!

Мене Деловникот ми дава збор, возврати пратеникот Влатко Ѓорчев

Претседателот на Собранието, Талат Џафери не му даде збор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, со образложение дека дошол на говорница без одобрение од спикерот.

– Оди на свое место Ѓорчев, не можеш да бидеш на говорница додека не добиеш збор – рече Џафери.
Ѓорчев не се помести од место и одби да се врати на своето столче.

– Мене Деловникот ми дава збор – возврати Ѓорчев.