Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денес беше прогласен за почесен граѓанин на Општина Лежа, Албанија. Џафери на својот фејсбу профил се заблагодари за, како што напиша тој, укажаната чест.
„Особено сум почестен и горд што денес ја примив титулата Почесен граѓанин на Општина Лежа. Уште еден симбол за мостовите и нераскинливите врски кои ги негуваме со Република Албанија“, напиша Џафери.