дома Свет Талибанците бараат САД да ја зaпре евakyацијата на висококвалификувани Авганистанци од земјата

Талибанците бараат САД да ја зaпре евakyацијата на висококвалификувани Авганистанци од земјата

Талибанците бараат од САД да ја сопрат евакуацијата на висококвалификувани Авганистанци од земјата.

Повикот го испрати портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, кој воедно ги предупреди западните сили дека нема да биде продолжен рокот за напуштање на земјата, поставен за 31 август.

Исламистичката група смета дека Американците земаат „авганистански експерти“, како што се инженери, од Авганистан.

Бараме од нив да го прекинат овој процес – изјави Муџахид на прес-конференција во Кабул.

Тој упати серија барања за време на пренос во живо, додека се интензивираат операциите предводени од САД за евакуација на илјадници луѓе од Кабул.

Портпаролот ја повтори претходната изјава на групата дека Талибанците не дозволуваат САД да го продолжат рокот за целосно повлекување.

Имаат авиони, го имаат аеродромот, треба да ги извлечат своите граѓани и изведувачи одовде – изјави Муџахид.

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе се држи до крајниот рок до 31 август, но се соочува со притисок од европските сојузници и Британија да го помести датумот. Според американската влада, околу 50.000 странци и Авганистанци ја напуштиле земјата преку аеродромот во Кабул, откако талибанците ја зазедоа земјата пред девет дена.

Многу Авганистанци стравуваат од повторување на бруталното толкување на шеријатскиот закон што талибанците го практикуваа кога беа на власт во периодот 1996-2001 година, како и од одмазда за соработување со САД во изминатите две децении.