April 23, 2024, 10:07 pm

Талибанците со ултимaтум до САД: Boeните трупи ќе бидат нaпaднaти доколку не се повлечат до први мај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талибанците издадоа соопштение во кое предупредуваат дека ќе продолжат со нaпадите врз странски трупи во Авганистан доколку американската војска не се повлече до 1 мај.

„(Ние) ќе бидеме принудени да ја браниме нашата религија и татковина и да продолжиме со џихадот и вооружената борба против странските сили за ослободување на нашата земја“, се вели во соопштението, пренесува Спутник Интернешнл.

Изјавата на милитантната група доаѓа по првата прес-конференција на американскиот претседател Џо Бајден, за време на која тој рече дека може да биде тешко да се повлечат американските трупи од Авганистан до 1 мај.

Талибанците сметаат дека сценариото со пробивање на тој рок е кршење на договорот.

Да потсетиме, Соединетите држави и Талибанците минатата година потпишаа мировен договор, со кој заврши војната во Авганистан по 18 години, најдолгата што САД го водеа во својата историја.

Договорот, кој го потпиша тогашниот државен секретар на САД, Мајк Помпео, предвидува дека САД и НАТО ќе ги повлечат сите војници од Авганистан до 1 мај 2021 година, доколку Талибанците ги исполнат прифатените обврски.

Бајден не ги објасни точните причини зошто САД не можат да го завршат повлекувањето на своите трупи до крајниот рок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This