дома Македонија ТАЛИБАНЦИ НЕ ИМ СЕ РАМНИ: Срушен панорамскиот лифт во ГТЦ

ТАЛИБАНЦИ НЕ ИМ СЕ РАМНИ: Срушен панорамскиот лифт во ГТЦ

Отстранет е панорамскиот лифт кој почна да се гради на влезот во Градскиот трговски центар (ГТЦ), кај вртеното скалило, кое е еден од симболите на Скопје. Откако на 27 април раководството на ГТЦ ја стопираше изградбата на лифтот, по реакциите на архитектите дека е дивоградба и го сквернави еден од најзначајните објекти на македонската модерна архитектура, денеска е извадена железната конструкција и тој нема да се гради.

Од Градскиот трговски центар за САКАМДАКАЖАМ. МК велат дека го послушале гласот и барањето на јавноста лифтот да не се гради.

„Со фирмата изведувач имаме склучено договор да им се плаќа по фази на изведба. Изведена беше првата и втората фаза, што значи ќе мора да им исплатиме околу 20 отсто од вкупната сума“, велат од раководството на ГТЦ.

За изградбата на панорамскиот лифт требаше да бидат потрошени 4 милиони денари односно 65.000 евра.

ИЗВОР: СДК