дома Политика ТАНЕ МАРКОСКИ : Платформата е амбис за Македонија, ние тоа нема да...

ТАНЕ МАРКОСКИ : Платформата е амбис за Македонија, ние тоа нема да го дозволиме,волјата на македонскиот народ мора да се почитува

„Ние основачите на партијата ќе застанеме први во заштита и одбрана на државата и нема да дозволиме ниедна мајка повторно да биде во црно  завиткана, имаме верба во системот, имаме верба во државата , имаме верба во македонскиот народ “ -истакна Тане Маркоски, еден од основачите на партијата и член на ОК Охрид на собирот во Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид испратија порака против преговорите за новата влада,побараа отфрлаање на албанската платформа. Велат ова е само апел од Охрид и повикаа на сплотеност за одбрана на државата.

Нема да дозволиме разнебитување и федерализација на државата, ќе ставиме крај на тајните преговори меѓу СДСМ и ДУИ. Ова е само апел, ги повикуваме граѓаните да застанат на браникот на татковината“ – рече пратеникот  од ВМРО ДПМНЕ Љубен Арнаудов.

Волјата на македонскиот народ и националниот интерес и мора да се почитуваат порачаа oд собирот ветераните на ВМРО ДПМНЕ.

Платформата е амбис за Македонија, а ние  ќе направиме се за да ја извлечеме земјата од него истакна -Тане Маркоски, еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој уште на оснивачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ 1990 година има кажано дека ,,Се додека постои ВМРО-ДПМНЕ македонското име нема да загине“.