дома Македонија ТАНТУРОВСКИ: Не поднесувам оставка, нема корупција во Антикорупциска

ТАНТУРОВСКИ: Не поднесувам оставка, нема корупција во Антикорупциска

Собранието го чека изваштајот на УЈП кој открива скандалозно работење на антикорупционерите,  за по него да се отвори дебата во надлежната собраниска комисија. Сепак, нема инфорамција, дали и кога тоа ќе се случи.

Поранешниот претседател на антикорупциска, Воислав Зафировски објаснува дека законски членовите можат да бидат разрешени само по три основи – доколку бидат осудени на затворска казна над 6 месеци, ако ја изгубат деловната способност или пак сами си поднесат оставка.

И додека Владата бара оставки од антикорупционерите, првиот човек на комисијата дециден – не чувствува одгворност ниту потреба да се повлече од функцијата.

„Не чувствувам никаква одговорност, ниту имам, ниту сум посочен и од тие причини нема да поднесам оставка.“ – вели Игор Тантуровски – Претседател на ДКСК.