дома Македонија ТАРАВАРИ:Десковска ми кажа дека и се закануваат функционери од ДУИ, да и...

ТАРАВАРИ:Десковска ми кажа дека и се закануваат функционери од ДУИ, да и ги одземе надлежностите на општина Гостивар

Министрите во власта не постапуваат по закон, туку по партиски притисок. Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во гостување на ТВ Глоби, вели дека минстерката за образование и наука, Рената Десковска, пред да и ги одземе надлежностите на општина Гостивар му се јавила и му кажала дека и се врши страшен притисок од страна на функционери на ДУИ и дека како резултат на тоа практично не и се оди на работа.

– Министерката за образование претходно ме извести по телефон дека има страшен притисок од ДУИ, и дека практично не и се оди на работа од притисокот кој и се вршел за да се одземат надлежностите во образованието, вели Таравари.

Таравари и рекол на Десковска дека разбира дека ова е една политичка игра.

– Знам дека се врши притисок и врз неа, јас нема што да правам, слободно одземете ми ги надлежностите, како мислите така правете, но ова е кршење на еден од главните столбови на Охридскиот Договор, изјави Таравари.