Таравари вели дека 3aeв нудел пари на пратеници, премиерот во ocтавка ќе го тyжи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев најостро ги демантира, како што се наведува, изнесените лаги и дезинформации од Арбен Таравари од Алијансата за Албанците дека наводно тој или било кој друг по негови инструкции нудел пари на пратеници.

„За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини“, се наведува во владиното соопштение.

Во вечерашното интервју на телевизија Сител, Арбен Таравари рече дека јавна тајна е дека власта се шета наоколу со куферчиња пари кои им ги нуди на пратениците. Тој додаде дека е јавна тајна дека на пратеничка од Алијанса за Албанците, лично Заев и нудел пари за да премине од нивна страна, но таа веднаш ги одбила не сакајќи ниту да зборува со него за тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This