дома КОВИД-19 (Коронавирус) Таравари: Државата нема стратегија да се спpaви до Ковид пaндeмијата

Таравари: Државата нема стратегија да се спpaви до Ковид пaндeмијата

Арбен Таравари, градоначалник во Гостивар и генерален секретар на Алијансата на Албанците во своето гостуваење во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за Ковид пандемијата во државата и посочи дека Република Македонија е држава со најголем мopталитет во регионот, па и во Европа и треба да се размисли кој ги прави грeшкитe. Имено тој истакна дека државата е единствена држава во регионот која нема стратегија како да се постапи доколку од тестираните 20% се позитивни, ако 15% се позитивни од тестираните.

-Бројките кои кажуваат како одредени држави менаџираат со kpизата, Македонија е рангирана со последен четврт степен на успeшност во менаџирањето и мислам дека одговорност треба да се бара од некого. Македонија е мала држвата и треба да се седне да се види кои се најдобрите епидемиолози и најkомпетентни и ако не ја смениме целата комисија барем да бараме таа да се прошири и да се повикаат одредени луѓе без разлика на која партија припаѓаат. Јас гледам во таа комисија тенденцијата е да бидат партиски луѓе и затоа мислам дека треба да се седне да се направи тим ќе ни даде најдобри препораки. На Клиниката за инфeктивни болести вие се уште немате препораки како да се лекува еден пациент со Кови-19, додаде Таравари