дома Македонија Таравари: На локалните избори следната година битkaтa ќе биде СДСМ со ДУИ...

Таравари: На локалните избори следната година битkaтa ќе биде СДСМ со ДУИ од една страна и ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса на Албанците и Алтернатива од друга страна

Арбен Таравари, градоначалник во Гостивар и генерален секретар на Алијансата на Албанците во своето гостуваење во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за тоа како ќе се одвиваат коалициите помеѓу партиите на следните локални избори кои треба да се оддржат следната година и кажа дека според неговата анализа е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со Алијанса на Албанците и Алтернатива.

-По ова како што оди јас мислам дека комбинациите односно идната година ќе се натпреваруваат актуелната Влада, за Беса не знам како ќе постапи и од другата страна ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците со Алтернатива, ова е моја претпостаква, моја анализа, рече Таравари.