дома Политика Таравари: Од денес почнавме формални преговори за ново мнозинство, СДСМ тоне секој...

Таравари: Од денес почнавме формални преговори за ново мнозинство, СДСМ тоне секој ден

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека од денеска започнале формални преговори за ново мнозинство.

„Моменталното владино мнозинство има 62 пратеници, а опозицијата има 58. СДСМ тоне секој ден се повеќе и повеќе. Од урбани општини добија само Центар и Струмица. Од денес почнавме формални преговори. Со сите опозициски партии. Сега за сега нема ништо конкретно, но наша работа е да работиме за ново мнозинство“, вели Таравари.