дома Македонија Таравари се повлекува од фунцијата Генерален секретар во Алијанса

Таравари се повлекува од фунцијата Генерален секретар во Алијанса

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари најави повлекување од функцијата генерален секретар на опозициската Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села.

Притоа, Таравари посочи дека на партијата и е потребно кадровско освежување со помлади лица, а еден од нив треба да го наследи и него на позицијата прв партиски оперативец.

Во изјава за Фокус, тој појаснува дека се повлекува од партиската функција, но не и од партијата, бидејќи ќе продолжи да делува како член на Алијанса, дури, како што вели, и поактивен отколку досега.

–Мојот мандат за генерален секретар на Алијансата завршува на 25-ти декември, кога и ќе одредиме датум за следниот Конгрес на партијата. Со мандат до Конгресот останува само претседателот на партијата – вели Таравари.