дома Македонија ТАРЧУЛОВСКИ ОД ПРЕД СОБРАНИЕ: Јас сум каде што е народот, пред Собрание!

ТАРЧУЛОВСКИ ОД ПРЕД СОБРАНИЕ: Јас сум каде што е народот, пред Собрание!

Јохан Тарчуловски е еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кој го напушти Собранието и им се придружи на протестите против уставните измени што денеска цел ден ќе се одржуваат пред Собрание.

Тарчуловски е еден од пратениците кој на крајот од декември доби ослободување од одговорноста за настаните во Собранието на 27 април со законот за амнестија.

– Јас сум каде што е народот. Пред собрание – напиша пратеникот на својот профил на Фејсбук.