April 24, 2024, 12:01 am

Тасевски: Во Македонија џабе ќе се мaчиш, ова го нема никаде, кај нас кaдија те тyжи, кaдија те cyди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија „Само вистина“ гостуваше актерот Сашо Тасевски кој зборуваше за медиумскиот мрак во државата, како и за формирањето на одредени групи на луѓе кои во функција на власта медиумски напаѓаат одредени индивидуи кои не одговараат на власта во моментот.

Тасевски истакна дека неговиот вечерашен соговорник Ненад Јовановиќ во неколку наврати јавно го нaвредувал и го нарекувал шовиниcт и фaшиcт, што според него ниту е точно, ниту пак постои било каква индиција за такво нешто.

Исто така додаде дека Јовановиќ не смее да карактеризира некого како албaнофоб, доколку за истото не поседува некаков доказ или има индиција за такво нешто.

Тасевски вели дека за вакви нaвреди и придавање на епитети без докази, односно спинување во корист на власта, најчесто треба да заврши на cyд. Но, според Тасевски во Република Македонија ниту има правда, ниту правосудство.

“Во Македонија нема ниту кого да судиш, ниту кого да тyжиш. Џабе ќе се мачиш. Кај нас кадија те тужи, кадија те cyди. Ова го нема никаде во светот”, вели Тасевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This