дома Социјални Мрежи Тасевски до СДСМ: Прашајте си го вeлепредавникот зошто и преговара после подарокот...

Тасевски до СДСМ: Прашајте си го вeлепредавникот зошто и преговара после подарокот што му го испорачаа?

Актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил му порача на членството на СДСМда го праша Заев зошто и за што сѐ уште преговара со Бугарија.

„СДСМовци, де, прашајте си го велепредавникот на кого му се клањате, зошто и за што уште преговара со Бугарија. Прашајте го барем. Зошто преговара после подарокот што му го испорачаа?“, прашува Тасевски.

Тасевски праша зошто Заев не го повлече Бучковски откако денес во Софија беше избришан подот со него.

„Зошто не го повлече тенкистон од Софија, со кого бришат под сега со него во Софија, додека се клешти ко нетокму.“

Тој додаде дека Бугарија стави вето со дозвола на ЕУ, која немаше намера да ни даде датум за отпочнување на преговорите, па ја искористи Бугарија преку ветото.

„Каква ЕУ, бе? Бугарија ова го направи со дозвола на ЕУ. Да немате дилеми. ЕУ не е спремна да не прими и ја искористи Бугарија за таа цел“.

„Избркајте го Ненормалниот од партија, вака само станувате негови соучесници во велепредавството“, порача Тасевски.