дома Македонија (Во живо) Тасевски: Истите луѓе кои ги посочуваат елитите како најголем проблем...

(Во живо) Тасевски: Истите луѓе кои ги посочуваат елитите како најголем проблем на државата, 30 години ги гласаат

За 27 април Сашо Тасевски вели: Мислам дека сме ние многу збунет, тендециозно збунет народ, 30 години политичките елити го водат така и не се расчистени одредени скандали и настани нема да ја дознаеме вистината. Повеќето настани за кои мислиме дека знаеме, како што е атентатот на Киро Глигоров ниту знаеме кој стои зад тој акт, кои се мотивите, потоа имаше големи сомнежи околу Борис Трајковски, зошто она се случило, зошто ова се случило. Иисто така останаа еден куп неразрешени работи со војната во 2001 година. Војна е не е војна, Мислам ние знаеме што е, што претходеше да се разбие одбраната на АРМ, зошто нашата армија не беше способна да се справи со терористите, Зошто се потпиша капитулација во Охрид. Потоа настаните од Кумановско насеље за да стигнеме и до 27 април.

Така да и со овие нови факти и скандалозни вистини што ги откривате во вашите емисии и покрај вољата да биде разрешени, тоа ќе остане да се разрешува и се сомневам дека ќе се смени нешто. .

А по однос на анкетата, јасно е дека луѓето знаат каде вози расипаниот автобус. Но истите тие луѓе кога ќе дојдат на избори, повторно ги гласаат – нагласува Тасевски.

Која е причината за таа шизофренија? Апсолутно се работи за политчки мазохизам, Лукративни се целите во политиката, тука нема ни Н од национални интереси, сето тоа е да се украде што повеќе. Но генерално е дека заради таа збунетост што е општествена шизофренија, на крајот доведе до тоа да ја изгубиме државата – вели Тасевски.

Следете го во живо „Неделен Брифинг“ со Сотир Костов на следниот линк: