дома Социјални Мрежи Тасевски: Оваа предавничка, јаничарска власт му објави информациска војна на македонскиот народ

Тасевски: Оваа предавничка, јаничарска власт му објави информациска војна на македонскиот народ

Актерот Сашо Тасевски на фејсбук реагираше на изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека ќе биде казнуван говорот на омраза на социјалните мрежи поврзан со актуелните случувања помеѓу Мaкедонија и Бугарија.

„Ги следиме, преземени се одредени истражни дејства за одредени фејсбук-групи и на други мрежи. И ова не е само за ситуацијата туку и генерално, бидејќи проблемот со говорот на омраза е сериозен, создава непријателства и во други држави, иако во овој период е малку поизразено поради состојбата“, изјави министерот.

Оваа предавничка, јаничарска власт му објави информациска војна на македонскиот народ. Целта им е да му ја затнат муцката на секој Македонец којшто остро ќе се спротивстави на шовинистички навреди и провокации од страна на бугарските власти и нејзините поддржувачи.

Затоа и вие копирајте ги сите навреди кон Македонците на социјалните мрежи. Од поединци и групи. Означете ги сите пробугарски шовинистички групи кои шират антимакедонска пропаганда, кои провоцираат и навредуваат на национална основа. Па да го видиме Обиџуко до каде е спремен да оди – коментира актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил.