дома Социјални Мрежи ТАСЕВСКИ СО ПОЗДРАВ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ: Испеа песна по нежниот поздрав меѓу Пендаровски...

ТАСЕВСКИ СО ПОЗДРАВ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ: Испеа песна по нежниот поздрав меѓу Пендаровски и Борисов

Актерот Сашо Тасевски на Фејсбук посвети една своја песна на некој Бојко кој го нарекува “Љубави”.

Предходно на Фејсбук во два статуси го коментираше поздравот на претседателот Пендаровски за Бојко Борисов кому според медиумите му се обратил со “Љубави”, пред да му пренесе поздрави од “Зоки”.

Статус број 1

Нашиов претседател му се обраќа на Борисов со ЉУБАВИ. Пред камери. Не е монтажа така?
Добро бе, што прават водачиве балкански ко ќе се исклучат камерите, знае некој? Одат под туш заедно? Што е штосов?

Глејте колку сме блиски. ОПУШЕНО. Make love, not wааr.

До таму стигна дипломатската комуникација. Фупе Фупе… Резултат од лгбт ренесансата или чисто лицемерие, глумење финоќа мекоќа и глупоќа.

Замислете порано Тито да му кажел ЧАО ЉУБАВИ на Тодор Живков или на Кенеди.
Што сте бе вие? Претседатели на држава или теткици? Немојте љубави на БОЈКО, оти стварно ќе ве ooбљуби. Како бикче е, ќе ви се качи.

Статус број 2

На Бојко Борисов да му речеш ЉУБАВИ… Па уште на српски. Боже Господе, Мајко Богородице! Тој да се појавеше у Кум, сите ќе избегaaa. Со него Палп Фикшн ќе траеше две минути. Да има нешто нежничко на него, па да кажеш љубави, ај некако. Ама чоекон ко пит бул е, ноќе да не го сретнеш у влез, на корида да го пуштат еден бик нема да кypтули… Или можеби овие елегантните мужи ко Стево другачие ги доживуваат џбитаците ко Бојко. Психологија ли е, хемија ли е? Или физичко со музичко комбинирано. Она, да ти го свирам, ќе направиш колут напред. Не знам. Немам одговор.