Поранешниот пливач Александар Маленко не присуствуваше на свадбата на ќерката Лора, што ја има од бракот со Сузана Турунџиева. Маленко, кој со години не контактираше со својата најстара ќерка, ја виде првпат пред две години.
Сузана и Маленко беа во брак подолго време, а се венчаа кон крајот на 90-тите. Тој на венчавката го смени своето презиме, и го зема презимето на Сузана, па од Маленко стана Турунџиева. Двојката се разведе откако се роди Лора, по што Маленко се зема со актерката Јелена Жугиќ, со кого го има синот Ахил. По разводот со Жугиќ, тој беше во врска со поп-пејачката Фани, а кратко потоа се ожени со Русинката Татјана Михајловна Фјодорова, со која има едно дете. Во моментов Маленко е во брак со Фенче со која има два сина.